Сараќини најави амбициозна програма за претседавањето на Македонија со Цефта

Bez autora
Nov 14 2013

Министерот за економија Ваљон Сараќини одржа средба со директорката на Секретаријатот на ЦЕФТА, Рената Витез, на која клучна тема беше претседавањето на Република Македонија со ЦЕФТА договорот идната година. Ова е втор пат нашата земја да ја има улогата на претседавач, по 2007 година, па со оглед на искуството што го има од нејзиниот мандат, на состанокот беше претставена амбициозната оперативна програма, се вели во соопштението на министерството за економија. Во програмата, покрај димензиите на столбот за интегриран раст, се определени неколку приоритети, вклучувајќи натамошна либерализација на трговијата со земјоделски производи и трговијата со услуги, елиминирање на нетарифни бариери и непотребните технички бариери во трговијата, олеснување на трговијата со вклучување на транспарентни алатки и поедноставување на трговските процедури – во делот на слободна трговска област; промовирање на регионалната соработка во областите: политика на конкуренција, правата на интелектуална сопственост и јавните набавки – во делот на конкурентска економска средина...

Сараќини најави амбициозна програма за претседавањето на Македонија со ЦефтаМинистерот за економија Ваљон Сараќини одржа средба со директорката на Секретаријатот на ЦЕФТА, Рената Витез, на која клучна тема беше претседавањето на Република Македонија со ЦЕФТА договорот идната година.

Ова е втор пат нашата земја да ја има улогата на претседавач, по 2007 година, па со оглед на искуството што го има од нејзиниот мандат, на состанокот беше претставена амбициозната оперативна програма, се вели во соопштението на министерството за економија.

Во програмата, покрај димензиите на столбот за интегриран раст, се определени неколку приоритети, вклучувајќи натамошна либерализација на трговијата со земјоделски производи и трговијата со услуги, елиминирање на нетарифни бариери и непотребните технички бариери во трговијата, олеснување на трговијата со вклучување на транспарентни алатки и поедноставување на трговските процедури – во делот на слободна трговска област; промовирање на регионалната соработка во областите: политика на конкуренција, правата на интелектуална сопственост и јавните набавки – во делот на конкурентска економска средина; подобрување на пристапот на пазар со финализирање на единствена зона на дијагонална кумулација во рамки на Регионалната Конвенција за пан-еуро медитеранската кумулација (PEM), иницијатива за основање на инвестициски концепт за зајакнето учество во регионалниот ланец на набавки и глобалната мрежа на набавки и одржување синергија помеѓу примената на ЦЕФТА и ЈИЕ 2020 – во делот на интегрирање во глобалната економија.

Како што истакна Сараќини на состанокот, примената на Стратегијата на ЈИЕ 2020 се очекува да започне во 2014, во време кога Република Македонија ќе претседава со ЦЕФТА.

„Целта на столбот ’Интегриран раст’ е да ја промовира регионалната трговија и инвестициите, нивната врска и политиките на недискриминаторска основа, транспарентност, предвидувања кои ќе ги зајакнат протокот на стоки, инвестиции, услуги и луѓе во рамките на регионот, па оттаму и приоритетите кои ги поставивме во текот на нашето претседавање, рече Сараќини.

Сето ова ќе придонесе кон натамошно интегрирање на регионот во европската и глобалната економија, со учество во меѓународниот ланец на набавки, поддршка за подобра меѓународна конкурентност на националните економии и продлабочување на регионалната трговија и нови инвестиции.

„Оваа цел е согласно клучните цели и приоритети што ги истакнува Република Македонија во рамки на своето претседавање со ЦЕФТА во наредниот период. Всушност, Република Македонија одлучи да ја прилагоди својата Програма за претседавање на начин што ќе ги опфати четирите димензии на столбот за ’Интегриран раст’ и треба да  придонесе во воспоставување на врската помеѓу приоритетите на ЦЕФТА и ЈИЕ 2020, со оглед дека тие се поврзани еден со друг“, посочи министерот за економија.

Согласно претставените приоритети беше оценето дека Република Македонија ќе воведе нова реформа на ЦЕФТА Мешовитиот комитет, како највисоко тело во рамки на ЦЕФТА Договорот, во кое членуваат министрите за економија и трговија.

Инаку, Стратегијата на ЈИЕ 2020 е подготвена од земјите членки на Регионалниот совет за соработка (РСС) и истата треба да се усвои на 21 ноември 2013 година во рамки на Министерската конференција на ЈИЕ, што ќе се одржи во Сараево.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik